Шведскиот интернационалец и еден од најдобрите напаѓи во светот, Златан Ибрахимовиќ синоќа одигра одличен натпревар за ПСЖ во суперкупот на Франција против Лион што се одигра во Монтреал.
ПСЖ лесно славеше со 2-0 со головите на Орие во 11 и Кавани во 18 минута. Победата можеше да биде изразена и со поголема разлика, бидејќи „светците“ доминираа во текот на целиот натпревар. Сепак Златан Ибрахимовиќ и другарите промашија неколку изгледни шанси за гол.
Фудбалските фанови во Канада можеа да уживаат во фудбалските мајстории на избраниците на Лорен Блан.
2-0 Edinson Cavani Goal HD _ Paris Saint… by Zidanekriisz
По натпреварот првата ѕвезда во тимот на ПСЖ изјави дека можеби ова бил последниот натпревар што го одиграл за тимот од Париз.
– Можеби ова беше и мојот последен меч во дресот на ПСЖ. Следната седмица ќе треба да донесам неколку важни одлуки – изјави Златан Ибрахимовиќ.
Тој последната недела ги шокираше сите со изјавите дека неговиот нов тим ќе биде изненадување за сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)