Челси и Жозе Мурињо можат да здивнат по информацијата дека едни од главните играчи во тимот Гери Кејхил и Диего Коста ќе бидат подговени за настап за првиот натпревар во новата сезона во неделниот дуел од Комјунити шилд против Арсенал.
Двајцата стандардни првотимци заработија повреди за време на пријателскиот натпревар со Барселона, но Жозе Мурињо обелодени дека тие ќе бидат во можност да му се спротивстават на засилениот Арсенал во битката за првиот трофеј сезонава.
– Сите се чувствуваат добро, немаме никакви проблеми со составот. Нема проблеми, дополнително ќе решиме кој ќе игра, но најважно е дека сме комплетни – изјави менаџерот на Челси, Жозе Мурињо.
Португалецот е без пораз во 13 натпревари против Арсенал и Арсен Венгер, но не се оптеретува со тоа и знае дека кога-тогаш оваа фантастична серија ќе прекине.
– Никогаш не сум правел драма од победите над Арсенал, така што ниту евентуалниот пораз, кога ќе дојде еден ден, нема да го прифатам како трагедија – истакна Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.