| четврток, 6 декември 2018 |

Путин и Ердоган на есен ќе разговараат за „Турскиот поток“

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на претстојнава есен ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган за да разговараат за проектот за изградба на гасоводот „Турски поток“, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ваквата најава од Кремљ уследи откако турските медиуми синоќа објавија дека Анкара одлучила привремено да ги прекине преговорите со Русија за изградба на гасоводот „Турски поток“, поради недостиг на напредок во преговарачкиот процес.

Како една од причините за „недостигот на напредокот“ беше наведено и тоа дека Москва не се согласува на намалување на цената на рускиот гас за Турција.

Во меѓувреме, денеска Москва соопшти дека руската компанија за гас „Газпром“ и турската енергетска фирма „Боташ“’ постигнале договор за намалување цената на рускиот гас за 10,25 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top