Македонскиот пливач маратонец Евгениј Поп-Ацев го освои 14-то место на трката на 25 километри на Светското првенство што се одржува во Казањ.
Поп-Ацев настапи во конкуренција на 32 пливачи, а осум од нив не ја завршија трката. Во текот на целата трка Поп-Ацев беше пласиран околу 20-то место, а во последните пет километри успеа да стигне до 14. место. Тој патеката ја исплива за 5 часа 4 минути 43 секунди и 7 десетинки, што беше за 11:32.7 минути послабо време од победничкото на Италијанецот Симоне Руфини.
Победникот на трката Руфини до златниот медал стигна со време 4:53.10.7 часа и за 4.4 секунди беше побрз од Американецот Алекс Меер, кој го освои сребрениот медал. Бронзата му припадна на Матео Фурлан од Италија, кој имаше 1:27.3 минута заостанување зад победникот.
Од македонските учесници на СП во спортови на вода ќе настапат уште Анастасија Богдановски и Марко Блажевски во пливачките дисциплини
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невиден скандал: АМС бара факти и аргументи од ПФМ за случајот со Евгениј Поп Ацев
-
Охридскиот маратон и понатаму во календарот на ФИНА, ќе се плива на 19 август
-
Поп Ацев победи на маратонот во Капри, Стефановски триумфираше во „Гран при“ серијата на ФИНА
-
Евгениј Поп Ацев е кралот на маратоните во светот, со второто место во Капри до прво место во генералниот пласман