| четврток, 6 декември 2018 |

Комплетирана првата фаза на Светското првенство во ватерполо

На Светското првенство во спортови на вода што се одржува во Казањ синоќа заврши првата фаза по групи во рамките на шампионатот во ватерполо. Четири репрезентации (Хрватска, Грција, Унгарија и Србија) натпреварите ги завршија со максимални три победи и во првата елиминациска рунда (осминафиналето) ќе бидат слободни.

Резултати од 3.коло:

А група: Хрватска – Кина 17:1, Бразил – Канада 6:10.
Табела: Хрватска 6 бодови, Канада 4, Бразил 1, Кина 1.

Б група: Грција – Русија 15:11, САД – Италија 11:9.
Табела: Грција 6, САД 4, Италија 2, Русија 0.

Ц група: Јужна Африка – Казахстан 3:14, Унгарија – Аргентина 21:4.
Табела: Унгарија 6, Казахстан 4, Јужна Африка 2, Аргентина 0.

Д група: Србија – Австралија 10:9, Јапонија – Црна Гора 10:16.
Табела: Србија 6, Австралија 3, Црна Гора 3, Јапонија 0.

Во осминафиналето утре ќе играат: Канада – Италија, Бразил – САД, Казахстан – Црна Гора и Јужна Африка – Австралија.

Денеска на програмата се осминафиналните дуели кај жените: Канада – Грција, Казахстан – Холандија, САД – Унгарија и Бразил – Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top