Решен е деценискиот проблем со осумчасовните рестрикции на вода во Кавадарци, соопшти денеска градоначалникот Александар Панов.
– Решавањето на проблемот е директна последица од беспрекорното функционирање на водоснабдителниот систем и тоа по воведувањето на електронскиот систем за следење и регулирање на притисокот во градската водоводна мрежа, рече Панов.
Според него, инвестирањето во водоснабдителниот систем ги дава очекуваните резултати. Кавадарци и населените места ова лето и на над 40 степени имаат редовно и квалитетно водоснабдување.
Со воведувањето на скада системот се врши автоматска регулација на притисокот во системот, а постојано се следат и влезот на вода и потрошувачката. Секој дефект навреме е откриен блгодарение на овој компјутерски систем за кој ЈП „Комуналец” инвестираше околу 250 илјади евра.
– Потребата од вода за пиење најмногу е изразена во ваквите горештини. Домаќинското работење и работењето според препораките на науката се покажа и овој пат практично во ЈП „Комуналец”. Имаме и вишок вода која наскоро ќе ја отстапиме на општина Росоман. И оваа општина ќе го реши проблемот со водоснабудвањето. Во измнинатиот период со помош на Владата инсталиравме систем за нови 150 литри во секунда. ЈП „Комуналец” на свој трошок ги репарира филтрите во извориштето Лукар, истакна градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)


