Мистериозниот убиец, кој ги ликвидира двајцата турски државјани во куќа на улицата „Козле 3“, најверојатно со себе ги зел и патните исправи на убиените, како и мала торбичка во која жртвите имале златен накит.
Сепак, извори за „Алфа“ потврдуваат дека истрагата не оди во насока дека злосторството е извршено поради грабеж. Освен малата торба на убиените, во која, според кажувањето на домаќините од Скопје, им биле пасошите и имале малку злато, ништо друго не недостига од катот каде што е извршено двојното убиство.
Многу мистерии има околу ликвидацијата на турските државјани, 29-годишниот Самет Селџук, кого, најверојатно, убиецот го чекал во куќата откако претходно ја убил неговата мајка Ѓулчин Ерчобан, е ликвидиран до креветот, а потоа бил посипан со брашно. Каква порака сакал да остави убиецот со брашното дали дека ликвидацијата е поради семејни недоразбирања, невратен долг, одмазда, дрога … останува дилема. Чудно во целиот случај е и тоа што на првиот кат каде се случило убиството светилките биле одвртени од фасонките и бил прекинат контактот така што во собите било целосен мрак.
Полицијата интензивно работи на двојното убиство што се случи на почетокот од неделава. Мајката и синот, кои беа ликвидирани во куќата на сватовите, во Скопје стигнале од Бурса на 20 јули, со нив патувал уште еден турски државјанин, кој ја напуштил Македонија еден ден пред убиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Без вода жителите на улица „Козле“
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија