Вистински фудбалски раритет се случи вчера во третата квалификациска рунда за пласман во Европа Лигата на УЕФА, а меѓусебе играа швајцарските прволигаши Тун и Вадуз. Тун е изворно швајцарски клуб, а Вадуз иако е од Лихтенштајн учествува рамноправно во елитната конкуренција на земјата позната по часовниците и по чоколадите.
Ждрепката сакаше дват клуба од иста лига, да играат меѓусебе во третото коло, Тун како претставник на Швајцарија, а Вадуз како претставник на Лихтенштајн.
Првиот меч на кој домаќин беше Тун заврши без голови, а сега следува реваншот на теренот на Вадуз, па потоа на 22. август нов меч меѓу овие две екипи, но во Првата швајцарска лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа
-
Евра стана првиот фудбалер во Лига Европа кој бил исклучен пред натпреварот (видео)