Шаховска минијатура во два потези го доведе храбриот тим на Работнички до победа над скапиот состав на Трабзонспор. Многу фалените гости со тим што според пазарната вредност чини над 100 милиони евра беа надитрени во 23. минута кога Мики Петровиќ со извонреден пас го исфрли во празно Баже Илијоски, а капитенот рутински ја погоди мрежата на радост надесетилјадната публика на „Филип втори“ арената.
Работнички имаше уште два зицери кои не ги искористија Чуму Анене и Илијоски, но и предноста од 1-0 е одлична пред реваншот во Турција идниот четврток.
Погледнете ја прекрасната акција и голот на Илијоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)