Настапот на Влатко Стефановски и на Џибони пред 80-илјадната публика синоќа го одбележи големото отворање на „Гитаријадата“ во Зајечар, Србија, пренесува српски „Курир“.
Музичарите од Сплит и од Скопје по двочасовната заедничка свирка и непланираниот бис, полни со впечатоци и во добро расположение ги споделиле првите впечатоци.
– „Гитаријадата“ израсна во голем фестивал. Младите живеат за него и затоа вечерва беа во толку голем број. Би сакал да трае 365 дена во годината. Кога веќе имате канцеларија на фестивалот која работи секој ден , би можеле да имате свирки секоја ноќ и луѓето место в аптека таму да доаѓаат по лек – истакнал Стефановски.
Тој додал дека се радува кога гледа млади и талентирани луѓе.
– Успехот не ме фасцинира, туку талентот. Искрените зборови, емоциите и мелодиите, кои ја красат музиката на Џибони. Да дојде Бијонсе не може да ме одушеви, иако е сјајна пејачка – заклучил нашиот гитарист, а со него се сложил и неговиот колега од Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.