| четврток, 6 декември 2018 |

Загина работник во „Железара“

Педесет и петгодишниот Симјан С.  од скопско Грчец вчера го загубил животот при изведување на работи во РЖ „Железара“.

policija-2

Од полицијата информираат дека Симјан починал како последица на струен удар додека работел во трансформатор. Тој бил вработен како електротехничар во АД „Елем“.

Работникот веднаш бил однесен во приватната болница „Ремедика“, но, за жал, лекарските екипи можеле само да констатираат смрт.

Извршен е полициски увид во присуство на јавен обвинител по чијашто наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top