Романската полиција уапси четири лица и заплени 320 килограми хероин чија улична вредност е проценета на 40 милиони евра, што е најголема заплена на наркотици во земјата, соопштија романските власти.
Осомничените, двајца Романци и двајца Турци, се уапсени додека се обидувале од Романија да преминат во Унгарија, со два камиона во чии резервоари биле скриени пакетчиња хероин.
Романската полиција четири години ги следела активностите на осомничените и успешно соработувала со органите на Турција и Украина, рече Даниел Хородничану, шеф на канцеларијата на обвинителството за борба против мафијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.