Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис сака да формира алијанса за Европа, во која ќе бидат добредојдени и германските конзервативци.
Тој ја даде изјавата за германското списание „Шпигел“, нагласувајќи дека овој сојуз нема да биде партија.
Варуфакис потенцирал дека тоа треба да биде вонпартиско движење, едно место за сите оние кои навистина размислуваат европски и сакаат да ја оживеат демократијата во Европа.
– Конзервативците, но и Демохристијанската унија, канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле, се повикани да учествуваат во ова движење, истакна Варуфакис.
Тој е загрижен дека европскиот континент би можел да „падне во рацете“ на антиевропејците, како што е Мари Ле Пен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.