| четврток, 6 декември 2018 |

Лото скандал во Србија (видео)

Loto-prevara-620x350

Неколку милиони Срби, како играчи во соседните земји, синоќа беа сведоци на сомнително извлекување на броевите во играта на среќа „Лото“ на Државна лотарија на Србија.

Гледачите во директниот пренос од извлекувањето во 59-то коло, со свои очи можеа да видат  како на екранот излегува број што се уште не е извлечен од барабанот. Имено, по првите три броеви (4, 33, 12) извлечен е и бројот 27, но на екранот се појавува и бројот 21, кој потоа е извлечен како петти во низата.

Дополнителна причина за сомнеж дека ова извлекување не е во целост регуларно, дава и однесувањето на водителката која цело време делува збунето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top