Едно лице загина, а друго е тешко рането во престрелката што се случила денеска во 11,30 часот на улицата Тоде Мендол во кумановско Диво Насеље. Ранетиот е пренесен во кумановската болница. МВР работи на расчистување на случајот.
Според неофицијалните информации, сопругата на напаѓачот се вратила кај своите родители откако тој заминал на работа во Косово. Кога се вратил во кумановската населба, отишол во домот на неговиот дедо и со огнено оружје пукал кон таткото и кон братот на сопругата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.