| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО вонредно заседава поради Турција

турцијаНа барање на Турција, НАТО денеска ќе одржи вонреден состанок за ситуацијата во Сирија.

Турција бараше состанок повикувајќи се на точката четири од Атлантската повелба, што се активира кога некоја членка ќе пријави дека е загрозена.

Анкара се реши на тој потег,  откако турската воена авијација почна со воздушни удари врз позиции на Исламската држава и на курдските бунтовници во соседна Сирија. Во соопштението на НАТО се вели дека алијансата „многу внимателно ќе ги следи случувањата и ќе биде солидарна со Турција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top