| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Гал: И ветив на сопругата дека ќе се пензионирам во 2017

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Луиј Ван Гал за две години ќе ја заврши тренерската кариера поради ветувањето дадено кон сопругата дека во 2017 година ќе се пензионира.

van-gal-prst-640x426

– Завршувам во 2017 година. И ветив на сопругата дека ќе и се посветам нејзе. Можеби немаме уште многу години заедно. Јас тогаш ќе имам 64 и сакам да уживам, рече Ван Гал.

Холандскиот стручњак веќе 43 години се занимава со тренерската работа.

Ван Гал ги водеше Баерн Минхен, Ајакс, Барселона.

Минатата година со репрезентацијата на Холандија го освои третото место на Светското првенство во Бразил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top