Фотографијата на актерската и брачна двојка, Пол Њумен и Џоан Вудворд, од 1963 година е избрана за промотивниот плакат на годинешниот Филмски фестивал во Кан, кој ќе се одржи од 15 до 26 мај.
Фотографијата настанала на снимањето на филмот „A New Kind of Love“ на Мешвил Шавелсон. Организаторите рекоа дека со оваа слика сакаат да му дадат почит на Њумен, кој почина во 2008 година или да означат вечен восхит на Џоан, сопругата на Њуман и негова омилена филмска партнерка.
Актерската двојка првпат на Канскиот филмски фестивал присуствувала во 1958 година, истата година кога се венчале и кога нивниот прв заеднички филм „Долго топло лето“ на режисерот Мартин Рит бил прикажан во рамките на главната селекција.
Врската меѓу оваа двојка и фестивалот продолжи и подоцна кога два филма во режија на Пол Њумен, каде што главната улога ја толкуваше Џоан Вудворд, беа во главната натпреварувачка програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фантастичен прием на „Дивата круша“ на Нури Бигле Џејлан на Канскиот филмски фестивал
-
Јапонецот Хироказу Коре- Еда е годинашниот добитник на „Златната палма“ во Кан
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка
-
Македонија како дестинација за снимање филмови се промовира во „Холивуд репортер“