| четврток, 6 декември 2018 |

Низ маалото и животот на Игор Џамбазов (видео)

dzambazov
Татко ми Џамбаз правеше најдобра расолница. По пропис – со изворска вода. Со денови носеше вода. На балкон имаше буре и ставаше зелка. Секој ден ја преточуваше. Еден ден се јави Славе Димитров додека татко ми преточуваше. Отиде на телефон, пееше на телефон. За тоа време претече легенот со расолница и почна да тече по петти кат. Мајка ми доаѓа и вика – нема веќе расолница, немаа. Од следната година се префрли во гаража. На гаражата има стакла, се кршеа. Една вечер зема шајки, даски, да ја направи гаражата да не му замрзне расолницата. Неколку часа ја правеше, дојде премрзнат. Следниот ден ќе ме носи на факултет, он оди на работа. Стигаме кај нашата гаража со број 25, искршена цела. Ама затоа 24-ката затворена, закована – раскажува Игор Џамбазов додека шета низ своето старо маало на улицата „Јуриј Гагарин“.
Тој зборува за момчињата што го малтретирале, се потсетува на детството, младоста… Тој во емисијата „Опуштено“ со Тони Михајловски се присетува на секој интересен момент од детството, младоста… Девојки, колеги, актери, пикантерии…
Погледнете го едно од најинтересните изданија на „Опуштено“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top