Министерството за внатрешни работи изрече дисциплински мерки за 12 вработени во министерството.
Вработените во МВР по спроведената дисциплинска постапка, зависно од престапот добиле „парична казна“, „писмено предупредување“, „распоредување“, а тројца вработени добиле „отказ“.
Вработените правеле превид вршејќи си ја службената должност, а двајца биле фатени како спијат на работното место
Вработен од Велес ја злоупотребил службената положба и овластување, на тој начин што спречил спроведување на девет барања за поведување на прекршочна постапка.
Еден од вработените добил отказ, бидејќи неоправдано не дошол на работа, последователно три работни дена, а останатите отпуштни сториле кривично дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?