| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерка гледала како ајкула ѝ го убива таткото (видео)

Австралиски нуркач починал откако пред очите на неговата ќерка бил нападнат од ајкула покрај брегот на Тасманија, пренесуваат медиумите.

Image

Таткото и ќерката во саботата утрото собирале школки кај градот Триабан, кога се случила трагедијата.

Дваесетгодишната девојка со собраните морски плодови се вратила на чамецот, но се загрижила кога татко ѝ, во доцните четириесетти години, не се појавил на површината. Скокнала во морето и ја видела големата ајкула како го напаѓа таткото, соопштија од локалната полиција.

– Брзо изнуркала, отпливала до брегот и итно повикала полиција – изјавил за австралиското „Би-би-си“ полицискиот инспектор Дејвид Вис.

Бродовите кои се нашле во близината побрзале на местото на несреќата и со помош на цевки за кислород го извлекле несреќниот маж од морето. Меѓутоа, повредите биле толку тешки што само можеле да констатираат смрт.

Белата ајкула била долга 4,5 метри и претходно во петокот била забележана во таа област. Нуркачот Дени Смит изјавил дека во еден момент се нашол „очи в очи“ со опасниот ѕвер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top