| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени валканите тајни на светските милионери: Прозбореа вработените на елитните јахти

Луѓето кои што работат на елитните јахти имаат интересни приказни за луѓето за нивните работодавци. Милијардерите на јахтите, велат, толку се слободни да од нив од време на време бараат да им ги спремат нивните секс играчки, се фалат со проститутките кои ги доведуваат на бродот, договараат работа со дрога.

jahta1_565240S1

Капетанот на една таква јахта за еден магазин зборувал анонимно под името Дан. Рекол дека проститутките на јахтите обично ги носат во неколку мерцедеси, а потоа мажите избираат од нив три со кои ќе го поминат денот и ноќта. Претежно тие се од Летонија и Русија.

На бродот милијардерите често земаат и лекари, кои им дозираат вијагра или некој вид на илегална дрога.

-Во тој момент, се околу мене престанува да ме интересира, рекол Дан како коментар на својата приказна.

Најпријатни од оние кои изнајмуваат јахти на една недела или две се оние кои јахтите ги поседуваат, бидејќи оние кои ги изнајмуваат ако се проблематични ќе се најдат на црната листа и ретко кој ќе сака да им ја изнајми јахтата повторно. „Се се врти околу тоа- да набавиме дрога, да најдеме проститутки и да ги злоставуваме луѓето“, рекол Дан.

Но не е се така црно. Дан признава дека минатото лето заработил повеќе од 20.000 долари само од бакшиш.

Доста заработила и друга личност која работи најахта веќе четири години. На крајот од патувањето, сопствениците или изнајмувачите на јахтите и подарувале скапоцени подароци како ајпод, и давале бонуси и пари. Еден арапски сопственик на јахта на крајот од летото и дал на користење мерцедес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top