| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Израел ќе направи голема грешка ако го нападне Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека ако Израел одлучи да преземе еднострана воена акција против Иран поради нуклеарната програма ќе направи „огромна грешка“.

keri

Кери во интервју за телевизијата Ен-Би-Си беше прашан дали по постигнувањето на нуклеарниот договор со Техеран, Израел ќе се обиде да изведе воен или кибернапад врз Иран.

– Тоа ќе биде огромна грешка со тешки последици за Израел и за регионот, и јас не мислам, дека тоа е неопходно, истакна Кери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top