| четврток, 6 декември 2018 |

Мора да се фрли! Пластичните шишиња не смеат да се користат повеќе пати

Македонците имаат навика да ги користат пластичните шишиња повеќе пати, посебно кога е лето и водата за пиење се разладува во фрижидерот.

Лекарите предупредуваат дека ова е опасна навика, која мора да ја исфрлите од животот, посебно кога се работи за водата што ја пијат вашите деца.

Пластичните шишиња се обично направени за една употреба, пластиката е слаба, а погодна е за создавање  многу бактерии, особено на грлото на шишето од кое пиеме.

Студијата спроведена на училишните деца, кои пластичните шишиња ги користеле и по еден месец без миење, покажале дека во таквите шишиња има толку многу бактерии, што доаѓа до граница каде што водата веќе не е за пиење.

Сепак, миењето на пластичните шишиња дури и во машина на висока температура не е најдобро решение, бидејќи тие се обично направени од слаба пластика, и тоа не ги убива сите бактерии.

Затоа, најдобро е шишето да не го користите повеќе пати. Стручните лица велат дека најдобро е да користите стаклено шише.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top