Сите ние, особено во топлите денови. посегнуваме по првото пластично шише што ќе ни дојде под рака и во него точиме вода, за да ни се најде. Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале колку е безбедна пластиката од која пиете вода?
На дното од секоја пластична амбалажа се наоѓа триаголник со број во средина, а под него е ознаката која ви открива колку е опасна пластиката која ја држите в раце. Кога ќе го прочитате овој текст редовно ќе ги проверувате ознаките на шишето, кои изгледаат вака:
Овие шишиња фрлете ги по употреба
Голем број пластични шишиња од обична, минерална вода, газирани и негазирани пијалаци ја имаат ознаката PET или PETE (број 1 во триаголникот). Важно е да знаете дека овие шишиња се наменети за еднократна употреба. Постои можност со секое ново полнење пластиката во водата да испушта тежок метал антимон, хемиско соединување ЕПА, кое го попречува дејствувањето на хормоните.
Оваа пластика е безбедна
Оваа пластика ќе ги препознаете по ознаките HDP (или HDPE), LDPE и PP или по броевите 2,4 и 5. LDPE е вид пластика која најчесто главно не се користи за изработување шишиња, туку за ќеси за пакување продукти. HDP е исто така добар избор, како и РР која најчесто се користи за чаши за јогурт и е со бела боја.
Оваа амбалажа избегнувајте ја
Тоа е пластика со ознаките PVC (понекогаш и ознака 3V), PS и PC (често и без ознаки) или по бројчињата во триаголникот – 3, 6 и 7.
PVC испушта две опасни хемикалии, кои го попречуваат работењето на хормоните во организмот. И покрај тоа, оваа пластика се користи за производство на шишиња.
PS во водата испушта канцерогена материја – СТИРЕН. Најчесто се користи за пластични чаши за кафе, за еднократна употреба или за амбалажа на брза храна.
PC (или без ознака – бр. 7) е најлоша пластика за амбалажа за прехранбени продукти бидејќи ја испушта опасната хемикалија BPA (Бисфенол А). За жал, се користе за амбалажа за шишиња за бебиња, шишиња за спортисти и садови за приготвување на храната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.