Македонците имаат навика да ги користат пластичните шишиња повеќе пати, посебно кога е лето и водата за пиење се разладува во фрижидерот.
Лекарите предупредуваат дека ова е опасна навика, која мора да ја исфрлите од животот, посебно кога се работи за водата што ја пијат вашите деца.
Пластичните шишиња се обично направени за една употреба, пластиката е слаба, а погодна е за создавање многу бактерии, особено на грлото на шишето од кое пиеме.
Студијата спроведена на училишните деца, кои пластичните шишиња ги користеле и по еден месец без миење, покажале дека во таквите шишиња има толку многу бактерии, што доаѓа до граница каде што водата веќе не е за пиење.
Сепак, миењето на пластичните шишиња дури и во машина на висока температура не е најдобро решение, бидејќи тие се обично направени од слаба пластика, и тоа не ги убива сите бактерии.
Затоа, најдобро е шишето да не го користите повеќе пати. Стручните лица велат дека најдобро е да користите стаклено шише.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.