Изолирано амазонско племе е фотографирано првпат откако неговите членови пред неколку месеци убиле еден истражувач.
Повеќе од 600 години племето Машо Пиро инаку дел од народот Чухарено живее без допир на цивилизацијата во пограничниот предел меѓу Перу и Бразил. Сега перуанската влада има намерка да стапи во контакт со необичните жители на прашумата.
Во последно време членовите на племето почнале да доаѓаат во селото за да земат храна, алат и оружје.
Истражувачот Леонардо Перез е убиен во мај, откако еден од членовите на племето со стрела го погодил во срцето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.