| четврток, 6 декември 2018 |

Страшен меч во Букурешт и невидена бомба на Муниру (видео)

ste

Одличен меч во Букурешт одиграа Стеауа и Тренчин во реваншот за пласман во третото квалификациско коло на патот до Лигата на шампионите.

По првиот дуел во Словачка се чинеше дека Стеауа ги раззреши сите дилеми со победата од 2-0, но фудбалерите на Тренчин „везеа“ на теренот во Букурешт и за само 21 минута по одлични акции ја анулираа негативата.

Гостите потполно доминираа во првиот дел и имаа шанси да ја нокаутираат Стеауа. Клучен момент во полза на поранешниот европски првак беше голот на Муниру во 57. минута. Поранешниот играч на Клуж упати страшна бомба од далечина и постигна ретко виден гол.

Потоа домаќините израмнија на 2-2, Тренчин остана и со играч помалку, но Мораеш пак им донесе предност, овојпат од 3-2, што не беше доволна за пласман понатаму. Во меч за сите вкусови, во кој Стеауа се намачи, а Тренчин се прости од ЛШ со прекрасна игра и претстава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top