| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК го прифати и вториот приговор за Струмица – Заев го губи цензусот

Државната изборна комисија го прифати и вториот приговор на ВМРО-ДПМНЕ за изборното место 1730 во Струмица. Претходно, ДИК ја прифати жалбата и за избирачкото место 1727, а во тек е жестока расправа за третиот приговор за гласањето на избирачкото место 1734.

За прифаќање на првите два приговора гласале тројцата членови на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Бедредин Ибраими од ДПА. Против биле двајцата членови предложени од СДСМ и претставникот на ДУИ, Субхи Јакупи.

Со поништувањето на гласањето во двете избирачки места, актуелниот градоначалник го губи цензусот од 51,49 процент во првиот круг, па поради тоа во овие места ќе треба да се организира прегласување. Ако и по прегласувањето Заев не обезбеди цензус, во Струмица ќе има втор круг избори.

Вкупниот број гласачи во овие три места е 3.255, од кои на локалните избори во неделата гласале 2.553 граѓани. Од нив, 1.436 граѓани гласале за кандидатот на СДСМ, Зоран Заев, 1.034 за Васил Пишев, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top