Жерновски вчера потврди дека поставил хаусмајстор за раководител на инспекциските служби на позиција главен инспектор, но дека тоа било законски.
Од решението кое беше објавено, а на кое јасно се гледа потписот на Жерновски, лицето Кочо Стојчески е унапреден за цели десетина скалила во хиерархијата на општинската администрација и тоа ни повеќе ни помалку на позицијата главен инспектор. Ова намерно се прави на ден пред Нова година кога вниманието на јавноста е насочено кон други теми и прашања.
Според новиот Закон за државна администрација напредувањето на повеќе од две позиции одеднаш е противзаконско. Според кажувањата на дел од вработените во општината кои од разбирливи причини плашејќи се за своето работно место сакаа да останат анонимни, случајот со главен инспектор хаусмајстор не е единствен. Имено, често се случувало Жерновски партиски подобните драстично да ги унапредува по повеќе скалила.
Од една страна на тој начин им се одолжува за нивниот ангажман но од друга страна тие му ги вршат валканите работи во општината, носат сомнителни одлуки и слушаат директиви наместо да го почитуваат словото на законот.
Ваквата непрофесионална администрација беше една од забелешките и на европската комисија. Оттаму токму забележуваа за случаи како Жерновски каде се прерипуваат десетина скалила во хиерархијата. Ваквиот скандал отвора и друга димензија. Стручноста, компетентноста и делувањето според правила сериозно се доведува во прашање кога лицето одговорно за инспекциските служби и имплементација на правилата е хаусмајстор. Токму инспекциските служби и нивното менаџирање бара исклучително познавање на законските правила и прописи и голема стручност и професионалност, додека Жерновски ова место му го препуштил на некомпетентно лице како што може да се види од решението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со среќа новата учебна година: Општина Центар вратете ни ги тротоарите и исчистете ги улиците!
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Општина Центар го урива Урбан парк на Јужен булевар, полицијата ги иселува дивовселените
-
Андреј Жерновски влезе во Владата: Ова се новите заменици-министри!