По завчерашната акција на МВР, во која беа уапсени четворица осомничени дека купувале гласови на граѓани на Тетово за да гласаат за еден од кандидатите за градоначалник, двете најголеми албански партии излегоа со меѓусебни обвинувања чии активисти се уапсените.
Опозициската ДПА ја обвини владејачката ДУИ дека купувањето гласови во Тетово било позната шема на интегративците. Поткупувачите се претставувале дека се од партијата ПДП, која не ни постоела, а синот на поранешниот претседател на ПДП, Јетмир Вејсели, бил член на изборниот штаб на ДУИ во Тетово. Според ДПА, купувањето гласови на ДУИ било особено изразено меѓу Македонците во градот.
ДУИ, пак, на обвинувањата одговори со противобвинувања. Од Мала Речица тврдат дека уапсените купувале гласови за кандидатот на ДПА и според нивни информации уапсените тоа го признале пред истражен судија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.