| четврток, 6 декември 2018 |

Само растворете го во вода и ослободете се од грчеви во стомакот, икање, воспаление на грлото

Дознајте какви здравствени придовки има овој природен елексир и како да го употребите во различни ситуации. Станува збор за јаболков оцет, чијашто примена е многу популарна во последно време.

casa so voda

Грчеви во стомакот

Ако причина за дијареата (пролив) е бактериска инфекција, јаболковиот оцет ќе ви помогне благодарение на своите антибактериски својства. Оцетот содржи пектин кој ќе ги смири стомачните грчеви. Растворете 2 лажици оцет во млака вода и испијте ја течноста кога ќе почувствувате болка.

Против икање

Испијте една лажица јаболков оцет. Киселината ќе го спречи икањето.

Проблеми со варењето на храната

Пред оброк испијте го следниот народен лек: во чаша топла вода растворете лажица мед и лажица оцет. Се пие 30 мин пред оброк.

Воспаление на грлото

Штом почувствувате болки во грлото веднаш почнете со конзумација на оцет со цел да спречите понатамошно ширење на инфекцијата. Повеќето бактерии не виреат во кисела средина. Правете гаргата со јаболков оцет на секој час.

Недостатиг од енергија, исцрпеност

Аминокиселините од јаболковиот оцет дејствуваат како противотров. Оцетот содржи калиум и ензими, кои ќе го отстранат уморот и ќе донесат прилив на енергија набрзо откако ќе испиете 2 лажици оцет растворени во чаша топла вода.

Грчеви во нозете

Овој стар народен лек вреди да се проба: растворете една лажица оцет и една лажица мед во чаша топла вода и испијте ја течноста пред легнување.

Избелување на забите

Наутро направете гаргара со јаболков оцет, бидејки помага да се отстранат дамките, а воедно ги избелува забите и ги уништува штетните бактерии во усната шуплина, па така штити и од кариес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top