Новата аквизиција на Манчестер Сити 62 милиони евра вредниот Рахим Стерлинг кој дојде од редовите на Ливерпул му беа потребни само 140 секунди за да го постигне првиот гол за новиот тим.
Со тоа тој најави дека би можел да биде големо засилување за „светлосините“ во новата сезона во борбата за титулата во Премиер лигата.
Стрелинг го доведе својот тим во водство против Рома на Интернационалниот куп на Шампиони уште во третата минута по додавањето на младиот Нигериец Ихеначо.
Моменталниот резултат изнесува 2-1 за Манчестер Сити, откако Миралем Пјаниќ најпрвин ја анулираше предноста на „граѓаните“ со фантастичен удар од преку 25 метри, а во вториот дел токму асистентот на Стрелинг, Ихеначо постигна гол за водство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.