Новиот играч на Милан, Колумбиецот Карлос Бака ги изнесе своите први впечатоци од доаѓање во Милано. Тој не пропушти и да се осврне на можноста да во нападот на италијанскиот гигант да заигра со најдобриот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ се поврзува со враќање во старото јато по три години поминати во тимот на ПСЖ и е само прашање на време кога тој ќе и се придружи на четата на новиот тренер Синиша МИхајловиќ.
Многу сум горд што сум играч на Милан. Дојдов во најголемиот тим во Италија и сакам да постигнам многу голови. Би било фантастично да заиграм со Ибрахимовиќ во нападот. Тој е врвен голгетер. Ќе видиме што ќе биде – изјави Бака при неговиот пречек на аеродромот во Милано.
Претходно истото го стори и второто големо засилување во нападот на „росонерите“ Луиз Андриано.
Останува да се види во следните неколку недели колку што трае летниот преоден рок дали Милан би можел да го состави нападот од соништата, Ибрахимовиќ-Бака-Адриано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.