Тим научници од повеќе врвни универзитетски медицински и фармацевтски центри од Сингапур денеска соопштија дека во фаза на клиничко тестирање се наоѓа нов лек против ракот.
Новата формула, според научниците, трба да е особено ефикасна во запирање на таканареченото „здивување’’ на клетките во човековиот организам, кои со брз раст предизвикуват канцерогени заболувања и нивно ширење. Новиот лек, со лабараториско име ЕТЦ159, е тестиран во неколку случаи и резултатите од експериментите се ветувачки.
Новата антиканцерогена формула треба да биде особено ефикасна во лекувањето и спречувањето на ширење на ракот на панкреасот, дебелото црево и абдоменот. Првиот пациент го добил лекот на 18 јули, а ако тестовите бидат позитивни, сингапурскиот лек клинички ќе се тестира и во неколку болници во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.