| четврток, 6 декември 2018 |

Скокнаа цените во Грција: Зголемен ДДВ за храната, пијалоците, превозот…

Грција од денеска поскапа .  Зголемени се цените на храната и пијалоците во рестораните., поради повисокиот данок на додадена вредност, објави „Сител“. Даночните реформи вклучуваат 3 стапки 6,13 и 23%. Листата на производи кои се продаваат со највиска стапка е  долга. Опфаќа :  Кафе, чај, какао,  конзервирана храна, , некои врсти на месо,  сол, шеќер, чоколадни и хигиенски производи,.За 10 осто поскапуваат и билетите за градскиот превоз, такси услугите, бродскиот транспорт , авио линиите за внатрешноста на Грција.

Со 13% стапка ќе се одданочуваат свежото месо, рибата , морската храна, како и млекото и млечните прозводи, зелечукот, брашното, маслиновото масло, водата, тестенините , лебот и сите пекарски производи

-Од утрината грчка салата од 11 евра се продава на 12,10, каламари од 9 сега се продаваат на 9,9 евра. Ајс кафето од 3, од утрината се продава за 3,3 евра

Трговците најавуваат дека ќе се откажат од дел од маржата, за да нема драстично поскапување и намалување на прометот. Уготителите стравуваат од можно затворање на рестораните

-Мислиме дека секоја година ќе има се помалку и помалку гости. Малите и фамилијарни ресторани ќе бидат уништени. Некои ќе мора да затвора, изјави сопственик на ресторан

Престојот во хотели, паркинзините и камповите ќе се одданочуваат по иста стапкадо 1 октомври. Псле летната сезона ддв за нив од 6,05 ќе асе зголеми на 13%.

Утринава после 3 недели отворија и банките. Но лимитот за подигнување кеш останува 60 евра., Новина е тоа што наеднаш можат да се извадат 420 евра, но само еднаш неделно. Ограничувањата остануваат на сила за да се спречат  одливот на капитал од банките и земјата.

Состојбата во Грција е натаму е критична, и покрај добиениот кредит од 7 милијарди евра. Од тие пари, денеска на Европсксата Централна  банка и се исплатени  4,2 милијарди евра и заостанатата рата кон ММФ од 2 милијарди евра

Во меѓувреме, грчката берза останува затворена и натаму. Можно тргување ќе биде дозволено после неколку денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top