Јуни 2015 година бил најтоплиот јуни месец од почетокот на температурните мерења во 1880 година, пренесе „AFP“ повикувајќи се на Американската агенција за мерење на океаните и атмосферата.
Во јуни просечната температура била со 0,88 степени Целзиусови повисока од просекот на 20 век. Предходниот рекорд за месец јуни беше забележан во 2014 година.
Шесте први месеци на 2015 година, исто така, покажале невообичаено високи вредности за овој период, што покажува дека затоплувањето на планетата продолжува.
2014 година била рекордот за најтоплата година од почетокот на статистиката досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.