Американската тенисерка и број еден светски рекет во моментов, Серена Вилјамс со денешната најнова ВТА листа комплетираше цели 250 недели на врвот на светскиот тенис.
Американката е убедливо прва и на најновото рангирање на светските тенисерки, со 13.191 бод оставајќи ги далеку зад себе конкурентките за највисок пласман. Второрангирана на последната ВТА-листа е Марија Шарапова со 6.490 бодови, а зад Русинката се наоѓаат Халеп, Квитова, Вознијацки, Ивановиќ…
Вилијамс со сигурност може да се каже дека за десет седмици ќе се искачи на третото место на вечната листа откако ќе ја помине Крис Еверт која во својата кариера била 260 недели на врвот, но затоа многу поголем е предизвикот да се стигне до остварувањата на Мартина Навратилова со 332 и неприкосновената Штефи Граф, која цели 377 седмици владееше со женскиот тенис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.