| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија на „Лагуна Сека“, двајца шпански моторциклисти ги загубија животите (видео)

laguna seka

Шпанските моторциклисти Бернат Мартинез и Дани Ривас, ги загубија животите за време на несреќата што се случи при тестирањето за „Мото Америка“, трката во рамките од „Супербајк“ шампионатот што се возеше на патеката „Лагуна Сека“.
Дани Ривас веднаш по стартот ја загуби контролата на својот мотор и излета од патеката уште на првата кривина, а веднаш по него на истото место котролата ја загубија уште неколку моторциклисти. Еден од нив беше и Мартинез, кој лошо падна по излетувањето од патеката. Иако веднаш на местото на несреќата притрчаа медицинските лица, сепак не успеаја да ги спасат животите 35-годишниот Мартинез и осум години помладиот Ривас.

– Немам зборови да опишам како се чувствувам. Можеме само да пратиме најискрени зборови на сочувство до нивните семејства – изјави Вејн Рејни, претседател на Мото Америка.


Superbike: Daniel Rivas et Bernat Martinez se… by Sport-Buzz

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top