| четврток, 6 декември 2018 |

Мексико со пенал во 123.минута се пласираше во полуфиналето (видео)

Mexico vs Costa Rica

Репрезентацијата на Мексико со крајно сомнителен пенал во 123.минута се пласираа во полуфиналето на „Голд купот“ што се одржува во САД.
Мексиканците во четвртфиналето играа против Костарика и откако во регуларниот дел од натпреварот по 90 минути игра резултатот беше 0-0, се играа продолженија.
И кога сите очекуваа пенал-рулет, судијата Перез од Гватемала реши да покаже на белата точка по еден старт над мексиканскиот напаѓач Пералта, кој падна како покосен по минималниот допир со противничкиот дефанзивец.

Тоа не му пречеше на Гуардадо да го реализира пеналот и да ја одведе својата репрезентација во полуфиналето каде ќе се сретне со репрезентацијата на Панама. Во второто полуфинале ќе играат домаќинот САД и Јамајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top