Шпанскиот голгетер Фернандо Љоренте се наоѓа пред трасфер во Реал Мадрид, откако италијанските медиуми ја пренесоа веста дека Рафаел Бенитез го убедил претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез да испрати понуда до Јувентус.
Според информациите, офанзивецот на „Старата дама“ се согласил да премине во „кралскиот“ клуб, а и самиот тој е свесен дека нема место за него во тимот на „бјанконерите“, после ангажманот на Дибала, Манџукиќ и Симоне Заза.
И покрај интересот од Порто и Тотенхем, се очекува Љоренте наредната недела да потпише договор со тимот од Мадрид.
Тој е член на Јувентус од 2013 година, и досега одигра 90 натпревари, и постигна 27 погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.