| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевна вечер со поезијата на Јовица Тесевски-Етернијан во Софија

eternijan-jovica-tasevski

Книжевен портрет посветен на поетското творештво на Јовица Тасевски – Етернијан ќе се одржи вечерва во Софија. Настанот е во организација на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Бугарија и Издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје.
Поезијата на Етернијан ќе ја претстават македонскиот поет и критичар Бранко Цветкоски и бугарскиот поет Петар Караангов, а стихови од Етернијан ќе интерпретира актерот Иван Калошев, во придружба на гитара од Ива Христовска.
На книжевната средба истовремено ќе биде промовирана книгата со избрани песни на Јовица Тасевски – Етернијан, што излезе од печат под насловот „Синтаксис на светлината“, како заедничко издание на реномираната издавачка куќа „Бугарски писател“ од Софија и „Макавеј“ од Скопје. Препевот на поезијата на Етернијан на бугарски јазик го направи еминентниот бугарски поет Петар Караангов, на кого во Македонија му беа доделени наградите „Книжевен жезол“ и „Почесно Рациново признание“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top