Осум планинари од спортско-планинарското друштво „Орле” од Кавадарци се искачија на врот Триглав нa планинскиот масив Јулиски Алпи во Словенија, висок 2.864 метри надморска височина, информираше денеска претседателот на друштвото Никола Минчоров.
– Ова е уште еден успех на друштвото кое постои од 1961 година. До крајот на годината но и во иднина планираме уште неколку интересни акции со искачување планински врвови во земјава и странство – рече Минчоров, пренесува МИА.
Во искачувањето учествуваа планинарите: Александар Чадамов, Даница Стојановска, Александар и Никола Илиеви, Милан Колев, Панче Тотов, Влатко Димитров и Александар Атанасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стотици планинари заглавени по силниот земјотрес во Индонезија
-
Протече снимка од големото спасување планинари на Шапка (видео)
-
Емисијата „КОД“ со нови сознанија за загинувањето на Калина и Александар (видео)
-
Федерацијата на планинарски спортови формира комисија за случајот со двајцата загинати планинари