| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуирани 15.000 извидници во Стразбург

 невреме

Околу 15 илјади извидници синоќа биле евакуирани поради силното невреме кое го зафатило Стразбур.

Во невремето 35 извидници се повредени, јави дописникот на МИА.

– Петнаесет од нив имаат фрактури, но нема сериозни повредени – соопштија организаторите.

Повредите се должат најчесто поради паѓање на држачите на шаторите за време на невремето.

Најголемиот извиднички логор во Европа оваа година, беше инсталиран во петокот и мораше да биде евакуиран по заедничка одлука на властите и организаторите, кога во два часот изутринава започна силно невреме со дожд и силен ветер. Најголемиот број од учесниците се на возраст од 14 до 17 години и тие беа пренесени во Стразбур во салата „Зенит“, каде го поминаа остатокот од ноќта, по што се вратија во кампот и започнаа со негово преуредување

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top