Борците на Исламска држава употребија проектили со токсичен гас во минатомесечните борби против курдските сили во Сирија во областа Хасекех, соопштија курдската единица за заштита на Курдите и набљудувачите од Група за човекови права.
Единица за заштита на Курдите наведе дека ИД употребила проектили со токсичен гас во нападите на 28 јуни, кога беше напаѓан квартот Салхиа во градот Хасакех и курдските позиции јужно од градот Тел Брак.
– По ударот се ширеше гас со силен мирис на скапан лук. На земјата имаше течност, која во почетокот беше зелена, но во контакт со сонцето стана жолта. Гасот предизвика главоболки, болки во мускулите, како и нарушување на концентрацијата и движењето кај војниците. Тие што подолго беа изложени на гасот и повраќаа, се посочува во соопштението на Единица за заштита на Курдите.
Во соопштението се додава и дека курдските борци во последните недели заплениле индустриски гас маски од исламистичките сили, што потврдува дека тие се подготвени и опремени за хемиска војна во тој дел од фронтот.
Ниту Курдите ниту набљудувачите од Група за човекови права не можат да прецизираат кој вид на хемикалија е користена во нападите на ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опасен криминалец во бегство: Тој им продавал жива на исламски терористи (ФОТО)
-
Голема полициска акција: Пресечен српско-косовски канал за продажба на хемиско оружје
-
Сирија демантира дека извршила напад со хемиско оружје
-
Организацијата за забрана на хемиско оружје ги анализира информациите за нападот во Идлиб