Жичаната ограда висока четири метри и долга175 километри на границата меѓу Србија и Унгарија ќе биде завршен до 30-ти ноември, објави „Репортер“. На нејзиното поставување работат 900 затвореници и војници, рече унгарскиот министер за одбрана Чаба Хенде.
Хенде рече дека изградбата веројатно ќе започне на 10 или 12 различни места, пренесе новинска агенција МТИ.
“Унгарските воени сили се подготвени да ја извршат задачата”, рече Хенде Морахолам надвор од градот, каде што прв почна да работи на инсталирање.
Министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер изјави дека на изработката на главните делови на оградата работат затвореници од унгарските затвори.
Според Пинтер, оградата е привремено решение, но единствено со кое Унгарија би можеле веднаш да го спроведе за да го спречи зголемувањето на протокот на мигранти и бегалци.
Оваа година, во земјата, наводно, илегално влегле околу 81.000 странци. Повеќе од 80 проценти од мигрантите последниве неколку месеци аплицираа за азил во Унгарија, а се дојдени од Сирија, Ирак и Авганистан. Повеќето од нив, по неколку дена продолжиле во други земји од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Доналд Трамп тврди: Мексико ќе плати за ѕидот и ќе ужива во процесот!
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Баба од пеколот: Го ставила внукот како жив штит, за да не ѝ го урне инспекцијата ѕидот