Грчкиот премиер Алексис Ципрас во петокот ги отстрани бунтовнички настроени министри од владата, кои гласаа против реформите барани од меѓународните кредитори во замена за спасувачкиот договор, објави „Фактор“.
Ципрас успеа со едно гласање во парламентот да обезбеди поддршка на договорот со доверителите и да ja подели СИРИЗА на два табора. Формално парламентарната група е цела, бидејќи пратениците koi гласале со “не”, одбиваат да гo напуштат парламентот, а и премиерот не прибегнa кон нивното исклучување.
Министерот за труд, Панос Скурлетис ќе го замени министерот за енергетика да замени Панајотис Лафазанис, кој е еден од најголемите бунтовници во СИРИЗА и заедно со уште околу 30 пратеници од владејачката партија гласаа против предлог-законот за реформи, со усвојувањето на коe стана можно отпочнување на преговори со меѓународните кредитори.
Трифун Александрис станува заменик-министер за финансии и ќе го замени Надја Валаам кој поднел оставка од функцијата , а министерот за финансии Евклид Цакалотос останува на функцијата, откако на 6 јули го замени Варуфакис и ужива доверба од Еврогрупата.
Во медиумите денес активно се коментира дека активисти на СИРИЗА одбиваат да заземаат министерски места во оние сектори каде се очекува силно општествено незадоволство кај спроведување на реформите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос
-
Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид
-
Коѕијас и Каменос ја преживеаја реконструкцијата на грчката Влада
-
Ципрас од островот Итака ќе им се обрати на Грците