Засилена развојна компонента и задржување на социјалната стабилност се двете основни цели кои се посигнуваат со ребалансто на буџетот усвоен на вчерашната владина седница, рече во интервју за телевизијата „Сител“ министерот за финансии, кој додаде дека ребалансот беше неопходен бидејќи на приходната страна во првите шест месеци има нас 10 милијарди денари повеќе од лани.
-За прв пат имаме вишок на приходи во буџетот во однос на планираното и тоа треба да се преточи во политики, мерки и активности кои ќе обезбедат искористување на тие средства, а притоа да се задржи стабилноста на буџетската позиција. Имаме за 14% повисоки приходи од ланските шест месеци или во бројка над 10 милијарди денари повеќе. Имаме за 6 процентни поени повисоки приходи од проекциите за овој период. Од тие причини овој ребаланс се прави на време за тие приходи да се распоредат на расходната страна, изјави Ставрески за Сител.
Буџетот за 2015 година имаше историски највисока ставка за капитални инвестиции, таа сега се засилува.
-Издвојуваме дополнителни 1,2 милијарди денари за повеќе проекти. Дополнителни 370 милиони денари се предвидени за забрзување на изградбата на гасоводот Клечовце – Штип. Потоа дполнителни 377 милиони денари се планирани за изградба на водоводи и канализации. Издвојуваме нови 220 милиони денари за изградба на училишта и спортски сали во училиштата. Дополнителни средства ќе има и за реновирањето на студентскиот дом Гоце Делчев, вели Ставрески.
Со ребалансот ќе се задржи и социјална стабилност затоа што предвидени се пари за сите најавени владини мерки.
-Предвидовме пари за зголемувањето на студентските стипендии од 10% како и за непречена исплата на зголемената социјална помош од 10%. Ќе има доволно средства до крајот на годината редовно да се исплаќаат сите тие работи, а во буџетот ќе има пари и за најавеното зголемувањето на пензиите во октомври, вели Ставрески.
Макроекономските параметри се задржуваат и по ребалансот. Дефицитот е таргетиран на 3,6% што е прближно на претходното ниво и обезбедува задржување на долгот на стабилно ниво. Стапката на раст се ревидира надолу од 4% на 3,5%, а прилина за ова според Ставрески, е политичката криза во земјата и кризта во еврозоната заради грчкиот долг.
-Буџетските проекции секогаш мора да се реално и стручно направени. Случувањата во првите шест месеци од годината мора да се рефлектираат на буџетот до крајот на годината како и на растот на БДП. Во првите три месеци имавме солиден раст од 3,2%, но во вториот квартал заради пролонгирањето на политичката криза ккао и неизвесноста од случувањата во Грција и еврозоната, очекуваме извесни рефлексии на индустриското производство и на другите параметри. Затоа во оваа фаза сметаме дека растот ќе изнесува 3,5% до крајот на годината, додава вицепремиерот и министер за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.