| четврток, 6 декември 2018 |

Рамазан во Тетово: Бектешите според традицијата од џамија го посетуваат Арабати баба теќе

Граѓаните од исламска религија, чествувањето на празникот Рамазан Бајрам го започнаа со утринската молитва Бајрам Намаз. Во Македонија централната прослава на најголемиот муслимански празник се одржа во Мустафа Пашината Џамија во Скопје, каде поглаварот на Исламската верска заедница Реисот Сулејман Реџепи, пред верниците упати пораки за мир, благосостојба и соживот, обајви „Телма“.

По завршувањето на молитвата, верниците од џамииите се упатија кон муслиманските гробишта да ги посетат починатите роднини и пријатели. Следува празничниот семеен ручек а потоа домаќините со своите деца одат на гости кај своите семејства кои ги послужуваат со традициналните колачи. Тетовското семејство Емини, вели дека празничните денови се единствена можност да се видат и поразговараат со најблиските.    

 Рамазан Бајрам го прославува и бекташиската заедница во Македонија. Традиција е од џамија, бектешите да го посетат тетовското Арабати баба теќе, каде ги пречекува домаќинот на овој храм Дервишот Абдулмуталип.

 

 Тетовското теќе за прослава на Рамазан Бајрам беше привлечно и за музичари од Турција, кои решија тука да престојуваат неколку дена. 

  Рамазан Бајрам се одбележува три дена. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top