Турскиот гигант Фенербахче и Шахтар Донецк ќе го играат дербито на третата квалификациска рунда за настап во фазата по групи во Лигата на шампионите.
На денешната ждрепка во Нион беа извлечени двојките за новата филтер рунда на патот до елитата и посакуваниот настап во ЛШ.
Интересни ќе бидат и дуелите меѓу ЦСКА Москва и Спарта Прага, Рапид и Ајакс, а 15 екипи ќе се пласираат во плејофот, кој е последна станица пред пласманот во фазата по групи.
Еве ги сите двојки за третата рунда:
Рута на шампиони:
Вардар/АПОЕЛ – Митјиланд/Линколн
Динамо Загреб/Фола Еш – Молде/Пјуник
Њу Сеинтс/Видеотон – БАТЕ Борисов/Дандалк
Салцбург– Малме/ Жалгирис
Сараево/Лех – Базел (Швц)
Хибернианс/ Макаби Т.Авив – Викторија Плзен
Лудогорец/ Милсами – Скендербег/Крусејдерс
Хелсинки/Вентспилс – Марибор/Астана
Селтик/Стјарнан (Исл) – Карабах/Рудар
Стеауа/Тренчин – Партизан/Дила Гори
Лига рута:
Фенербахче – Шахтар
Панатинаикос – Бриж
Јанг Бојс – Монако
ЦСКА Москва – Спарта Прага
Рапид Виена – Ајакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.